
Во Њујорк за време на прославата на американскиот Ден на независноста се случи пукање во кое беа ранети најмалку осум лица, меѓу кои и четири деца. Инцидентот се случил доцна во саботата во областа Кони Ајленд во Бруклин, потврди њујоршката полиција (NYPD).
Според информациите што ги пренесува ABC News, полицијата интервенирала околу 22:37 часот по локално време по пријави за пукање на улицата West 31st. Сите повредени биле итно пренесени во болница. Меѓу жртвите има двајца мажи, две жени и четири деца на возраст од 6, 7, 12 и 14 години. Седум лица се во стабилна состојба, додека 21-годишна жена е во критична состојба.
На местото на настанот било пронајдено огнено оружје, но полицијата сè уште не извршила апсења. Истрагата е во тек, а мотивот засега не е познат. Инцидентот се случил во време кога Соединетите Американски Држави ја одбележуваа 250-годишнината од независноста, со бројни јавни прослави низ целата земја.

Македонски



