Skip to main content

Поранешен фудбалски хулиган и основач на боречки клуб: Кој е новиот десничарски претседател на Полска

video printscreen
video printscreen


Кандидатот на опозициската партија, десничарот Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска.

Тоа што се знае за него е дека пред да влезе во политката и да дојде до позицијата прв човек во својата земја, Навроцки има доста контроверзна младост.

Новоизбраниот претседател е роден во 1983 година во Гдањск. Во младоста бил активен в спортот – играч фудбал за ККС Геданиа (1997 – 2000) и боксувал за РКС Сточниовјец (2000 – 2004), каде што во 2001 година го освоил првото место на полското јуниорско првенство во тешка категорија.

Подоцна бил капитен на фудбалскиот клуб Екс-Шедлце Гдањск, за кој одиграл 96 натпревар и постигнал 25 голови. Во 2010 година ја основал боречката секција на тој клуб.

Во 2009 година Навроцки бил дел од организирана тепачка помеѓу навивачи на Легија Гдањск и Лех Позњан, во која учествувале околу 140 луѓе. Навроцки ја опиша таа тепачка како „благородна борба“, но многу од учесниците, подоцна биле осудени за разни кривични дела.

Во својата професионална кариера, Карол Навроцки дипломирал на Вишата школа за бизнис и администрација. Тој е историчар, тој ја проучува темата за антикомунистичкиот отпор во Полска.

Во 2017 година, беше избран за директор на Музејот на Втората светска војна во Гдањск. Оваа позиција ја држеше до 2021 година.

Од јули 2021 година, тој е претседател на Институтот за национално сеќавање.

Денес не ја гледам Украина во ниту една од структурите, ниту во Европската Унија ниту во НАТО, сè додека не се решат толку важни цивилизациски прашања за Полјаците“, рече Навроцки претходно оваа година.

Facebook Karol Nawrocki
Facebook Karol Nawrocki

Член е и на Советот за историска дипломатија при полското Министерство за надворешни работи.

Во февруари 2024 година, Навроцки беше ставен на бараната листа во Русија за неговото учество во уривањето на споменикот на Црвената армија на полска територија.

Поврзани вести