Skip to main content

Полскиот претседател го советува Зеленски да се врати кај Трамп

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се врати на преговорите со САД.

Дуда истакна дека не гледа дека кој било друг освен САД има моќ да ја запре руската агресија врз Украина и дека за Зеленски најдобро би било да ги продолжи преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп.

Со оваа изјава полскиот претседател реагираше на јавната расправија меѓу Зеленски и Трамп вчера во Белата куќа.

Поврзани вести