Skip to main content

Погрешила: Европскиот суд само ја прекори Фон дер Лајен дека си праќала пораки со директорот на „Фајзер“ за набавка на вакцини

Европскиот суд донесе одлука во врска со аферата „Фајзергејт“ за претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен. Пресудата би можела да има огромни последици за претседателот на Комисијата и транспарентноста воопшто.

Европската комисија погреши кога одби да ги објави СМС-пораките што Урсула фон дер Лајен ги разменила со генералниот директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурл, во екот на пандемијата на Ковид-19, пресуди судот на Европската унија, стои во пресудата.

Новинарите бараа увид во тајните пораки што претседателот на Комисијата и директорот на фармацевтската компанија ги разменија пред договорот вреден неколку милијарди евра за набавка на вакцини меѓу ЕУ и компанијата Фајзер.

Во соопштението, Општиот суд на ЕУ изјави дека Комисијата „не објаснила убедливо зошто смета дека текстуалните пораки разменети во контекст на набавката на вакцини против Ковид-19 не содржат важни информации или информации што бараат понатамошно следење и чие зачувување мора да се обезбеди“.

ЕУ му рече на судот во Луксембург за време на минатогодишното сослушување дека содржината на пораките не е доволно значајна за да се квалификува како документ и затоа пораките не биле регистрирани или достапни за објавување на новинарите.

Во својата изјава, судот додаде: „Комисијата не може едноставно да тврди дека ги нема бараните документи, туку мора да даде убедливи објаснувања што ќе им овозможат на јавноста и на Судот да разберат зошто тие документи не можат да се најдат“.

Поврзани вести