Skip to main content

Папата ги повика христијанските цркви да го прослават Велигден на истиот датум

Папата Франциск во неделата ги повика различните христијански деноминации да имаат единствен датум за Велигден во духoт на единство.

Среќна коинциденција е што Велигден во оваа вселенска јубилејна година се слави на ист ден според грегоријанскиот и јулијанскиот календар“, рече Франциск за 2025 година, која ја прогласи за посебна година во која верниците се поканети да одат на аџилак во Рим.

Западните христијани го следат грегоријанскиот календар, кој го воспоставил папата Григориј XIII. воведен во XVI век кога е забележано дека постоечкиот календар отстапува од годишните времиња. Многу православни цркви останале верни на јулијанскиот календар од времето на Јулиј Цезар.

Уште еднаш ги повикувам сите христијани да ја сфатат оваа случајност како повик да направат одлучувачки чекор кон единство во врска со заедничкиот датум за Велигден“, рече pапата.

Оваа година христијаните својот најголем празник ќе го прослават на 20-ти април.

Поврзани вести