
Папата Франциск (88) изутрината е хоспитализиран поради бронхитис, соопшти Ватикан.
Денеска, по завршувањето на неговите аудиенции, папата Франциск беше примен во болница за да ги направи потребните тестови и да продолжи со лекувањето на бронхитис во болнички услови, се вели во соопштението.
Папата во последните години имаше проблеми со грип и други здравствени проблеми.