Skip to main content

Папа Франциск: Конфликтот во Украина е „болен, срамен за целото човештво“

Папата Франциск, по повод три години од почетокот на војната во Украина, од болница вчера порача дека судирот е „болен, срамен за целото човештво“ и оти се моли за мир.

Тој изрази солидарност со жртвите во Украина и во другите вооружени судири.

Додека ја повторувам мојата солидарност со напатениот украински народ, ве повикувам да се сеќавате на жртвите од сите вооружени конфликти и да се молиме за мир во Палестина, во Израел и на целиот Блиски Исток, во Мјанмар, во Киву и во Судан, истакна папата Франциск.

Тој од 14 февруари е во римската болница Гемели, поради пневмонија.

Поврзани вести