
Правилата на конклавата налагаат право на глас при изборот на новиот папа да имаат 138 од постоечките 252 кардинали.
Кардиналите се назначуваат доживотно од самиот папа, но нивното право на глас престанува кога ќе наполнат 80 години. Процесот на гласање трае неколку дена, а конклавата се одржува додека еден кандидат не освои две третини од гласовите. Обично, овој процес трае помеѓу 15 и 20 дена
Кои се потенцијалните наследници на папата Франциск?
Кардиналот Пјетро Паролин

Пјетро Паролин е државен секретар на Ватикан од 2013 година и највисоко рангиран кардинал во изборната конклава.

Седумдесетгодишникот од Венето е познат по својот умерен став на политичкиот спектар, а неодамна коментираше и за голем број геополитички прашања, наведувајќи:
„Секој може да придонесе за мирот, но решенијата никогаш не смеат да се бараат преку еднострани наметнувања со кои се ризикува да се погазат правата на цели народи, во спротивно никогаш нема да има праведен и траен мир“.
Кардинал Петер Ердо: Разведените да не се причестуваат

Петер Ердо, кардинал од Унгарија, стана кардинал во 2003 година и е познат по тоа што е побожен Маријанец, посветувајќи ги своите миси на Пресвета Богородица.

72-годишниот Унгарец е еден од поконзервативните кардинали и се спротивстави на практиката да им се дозволи на разведените и повторно венчаните католици да се причестуваат.
Луис Антонио Тагле јавно ги поддржа хомосексуалците
Луис Антонио Тагле, кардинал од Филипините, јавно ги поддржа хомосексуалците. Тагле е седмиот Филипинец кој станал кардинал, а доколку биде избран, тој би бил првиот азиски папа.
67-годишниот кардинал моментално служи како про-префект на Одделот за прва евангелизација на Дикастеријата за евангелизација. Тој беше прогласен за кардинал од папата Бенедикт Шеснаесетти.
Тој е познат по тоа што се одлучи за левичарска политика, слична на папата Франциско, и отворено го критикуваше односот на црквата кон геј луѓето, самохраните мајки, разведените и премажените католици.
Миленикот на Франциск: Кардиналот Матео Зупи

Матео Зупи, уште еден Италијанец на листата, стана кардинал во 2019 година и важи за миленик на папата Франциско. Во моментов е претседател на бискупската конференција на Италија од мај 2022 година.

Овој 69-годишен кардинал бил во бројни меѓународни мисии, меѓу кои и мировната мисија во Украина, каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски, а ги посети и САД, каде се сретна со тогашниот претседател Џо Бајден.