Skip to main content

Ова е Сириецот кој спречи уште поголем масакр во Австрија

Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се осврнаа и на приказната на уште еден Сириец кој го спречи неговиот земјанин да избоде уште повеќе луѓе, совладувајќи го на начин што со возилото се упатил кон него и го турнал на земја.

Четириесет и двегодишниот Алаедин Алхалаби од Сирија со години работел како доставувач на храна во Австрија. Тој бил сведок на нападот, а од полицијата истакнаа дека без размислување се упатил со своето возило кон напаѓачот.

Прво се расправаше со луѓе на споредна улица, а потоа наеднаш почна да ги напаѓа. Првин се обидовме да го задржиме, но кога го видовме ножот веднаш се оддалечивме“, раскажува за „Кроне“ еден од сведоците на нападот, 29-годишниот Махир. Тој и неговиот пријател Мартин (36) работат и живеат во непосредна близина на местото на злосторството и добро го познаваат доставувачот на храна кој спречил натамошна трагедија.

„Видов лице како лежи на земја, а маж со нож ги напаѓа минувачите. Ниту еден момент не размислував, само возев со мојот автомобил кон него“, опишал Сириецот кој го запрел напаѓачот.

„Тој се движеше кон центарот на градот, а имаше деца на улица – не можев да го дозволам тоа. И јас сум татко, имам и деца“, рече Алхалаби во интервју за Кроне.


Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се осврнаа и на приказната на уште еден Сириец кој го спречи неговиот земјанин да избоде уште повеќе луѓе, совладувајќи го на начин што со возилото се упатил кон него и го турнал на земја.

Четириесет и двегодишниот Алаедин Алхалаби од Сирија со години работел како доставувач на храна во Австрија. Тој бил сведок на нападот, а од полицијата истакнаа дека без размислување се упатил со своето возило кон напаѓачот.

„Прво се расправаше со луѓе на споредна улица, а потоа наеднаш почна да ги напаѓа. Првин се обидовме да го задржиме, но кога го видовме ножот веднаш се оддалечивме“, раскажува за „Кроне“ еден од сведоците на нападот, 29-годишниот Махир. Тој и неговиот пријател Мартин (36) работат и живеат во непосредна близина на местото на злосторството и добро го познаваат доставувачот на храна кој спречил натамошна трагедија.

„Видов лице како лежи на земја, а маж со нож ги напаѓа минувачите. Ниту еден момент не размислував, само возев со мојот автомобил кон него“, опишал Сириецот кој го запрел напаѓачот.

„Тој се движеше кон центарот на градот, а имаше деца на улица – не можев да го дозволам тоа. И јас сум татко, имам и деца“, рече Алхалаби во интервју за Кроне.

Да бев само малку побрз, можеби 14-годишното момче сè уште ќе беше живо… Само што требаше да ја земам нарачката во Ледерергасе кога видов крв и две повредени лица на земја“, се сеќава 42-годишниот. Тој со својот автомобил се упатил кон напаѓачот со нож. „Го удрив и го фрлив неколку метри. Тој остана да лежи на земја“, опишува Алхалаби.

Минувачите почнале да го удираат неговиот автомобил.

„Мислеа дека јас сум напаѓачот“, објаснува тој.

Остро ги осуди постапките на својот сонародник:

„Не сме сите такви! Јас сум тука многу години, добро се интегрирав, како и многу други. Се надевам дека луѓето нема да не споредуваат со сторителот“, рече тој.

Реагирав инстинктивно. Верувам дека секој на мое место би го направил истото“, заклучи.

„Ова страшно злосторство мора да има најтешки последици! Јас секогаш сум го кажаувал тоа јасно: кој живее во Корушка, во Австрија, мора да ги почитува законите и да се приспособи на нашите правила и вредности“, рече гувернерот на Корушка, Петер Кајзер.

„Секој што нема да го стори тоа мора да се соочи со најстрогите последици – да биде изведен пред суд, затворен и депортиран! рече тој.

И гувернерот изрази сочувство до семејството и жртвите: „Моето најдлабоко сочувство, како гувернер и пред се како татко, одам до семејството на убиениот млад човек“.

Поврзани вести