Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, положи заклетва за трет последователен мандат.
Се колнам дека овој нов претседателски мандат ќе биде (мандат) на мирот“, порача Мадуро пред претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.
Венецуелскиот претседател положи заклетва пред парламентот, еден ден откако лидерката на политичката опозиција Марија Мачадо беше на кратко уапсена за време на протест.
Политичката криза во Венецуела се продлабочи во текот на летото откако Мадуро победи на претседателските избори на 28 јули.
Во меѓувреме, опозицијата ги оспорува резултатите и тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес победил на изборите со двојно повеќе гласови од Мадуро.