Skip to main content

Нетанјаху утре ќе испрати преговарачки тим во Каиро за да ги продолжи разговорите за прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре ќе испрати делегација преговарачи во Каиро за да разговараат за „продолжување на спроведувањето на првата фаза од договорот“ за прекинот на огнот во Појасот Газа, соопшти вечерва неговиот кабинет.

„Бенјамин Нетанјаху и наложи на преговарачката делегација утре да отпатува во Каиро за да разговара за продолжување на примената на првата фаза од договорот. По состанокот на владата закажан за утре, тимот ќе добие инструкции за продолжување на преговорите за втората фаза“, се додава во соопштението.

Војната би можела да продолжи на почетокот на март, доколку не се постигне договор за покомплицираната втора фаза од прекинот на огнот, што ќе бара враќање на сите преостанати заложници и неодредено продолжување на примирјето. 

Поврзани вести