
Премиерот Бенјамин Нетанјаху го назначи генерал-мајор Ејал Замир за нов началник на израелската армија, откако актуелниот командант поднесе оставка минатиот месец, преземајќи ја одговорноста за неуспехот да го спречи нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац вечерва се договорија за назначување на генерал-мајор Ејал Замир за нов началник на Генералштабот на ИДФ (израелската војска), се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.
Замир доаѓа на местото на генерал-полковник Херзи Халеви, кој поднесе оставка во јануари.