
Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, изјви дека Белгија ја поддржува целта за зголемување на одбранбените трошоци на пет проценти од БДП, но бара флексибилни рокови за исполнување на таа обврска.
Речиси ниту една земја не ја оспорува оваа цел“, додаде министерот.
Сепак, според Франкен, на земјата ќе ѝ бидат потребни најмалку седум години за да се прилагоди на новата цел. Тој побара и во пресметките да се вклучи и воената помош што Белгија ѝ ја дава на Украина.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно соопшти дека предлага нова цел за членките на Алијансата – пет отсто од БДП за одбрана, без да прецизира рокови. Од тоа, 3,5 проценти би се користеле за набавка на воена опрема, а преостанатите 1,5 проценти за воена инфраструктура и производство.
Предлогот ќе биде дискутиран на НАТО самитот во Хаг на крајот на јуни.
Потребата за зголемување на одбранбените трошоци се темели на потребата да се надминат слабостите во воените капацитети на Алијансата во услови на зголемена закана од Русија, истакна Руте.
Инаку, уште во 2014 година, НАТО постави цел земјите-членки да трошат најмалку 2 отсто од БДП за одбрана – цел која, според Руте, речиси сите сојузници ќе ја исполнат до крајот на годинава.