Skip to main content

Напад со нож во маркет во Мичиген, 11 повредени

Американските власти потврдија дека е уапсен 42-годишен маж осомничен за брутален напад со нож во продавница Волмарт во малиот град Траверс, во северниот дел на сојузната држава Мичиген.

Како што пренесе Fox News, напаѓачот, кој делувал сам, влегол во продавницата и со склопив нож нападнал десетина лица. Според шерифот на округот Гранд Траверс, Мајкл Ши, идентитетот на осомничениот сè уште не е објавен, но тој бил приведен за неколку минути по нападот.

Болницата „Munson“ соопшти дека петмина од повредените се во тешка, а шест лица во критична здравствена состојба.

Траверс е мал град лоциран на брегот на заливот Гранд Траверс на езерото Мичиген, познат по мирниот живот и туристичкиот потенцијал, а нападот ја шокираше локалната заедница.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот сè уште не се познати. Властите најавија дополнителни информации во текот на следните денови.

Поврзани вести