Skip to main content

Најмалку 85 лица загинаа во синоќешните нападите во Газа

Најмалку 85 Палестинци беа убиени ширум Газа во текот на ноќта, со што бројот на загинати откако Израел го прекрши примирјето со Хамас се зголеми на речиси 600, соопштија локалните здравствени власти.

Во текот на ноќта, во напад на семејна куќа во близина на градот Кан Јунис загинале најмалку 16 лица, главно жени и деца.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека најмалку 592 лица биле убиени во израелските напади во изминатите неколку дена.

Поврзани вести