Skip to main content

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

Фото: Printscreen/Guardian News

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош во јужниот дел на Газа, објави Медицинскиот комплекс Насер, јавува Ал Џезира.

Од основањето на станиците за помош на Фондацијата за хуманитарна помош во Газа (GHF) кон крајот на мај, најмалку 1.924 лица се убиени, а повеќе од 14.288 се повредени, покажуваат податоците на палестинското Министерство за здравство во Газа.

Палестинското министерство претходно денеска објави дека во последните 24 часа во Појасот Газа од глад починале уште 11 Палестинци, со што бројот на смртни случаи од глад се искачи на 251.

Според Министерството, меѓу оние што починале од глад имало 108 деца.

Поврзани вести