Skip to main content

Над 100 луѓе загинале во демонстрациите во Мозамбик

Повеќе од 100 луѓе, вклучително и деца, се убиени во демонстрациите во Мозамбик што траеја речиси два месеци, соопштија граѓанските организации.

Опозицијата повика на нови демонстрации против, како што велат, наместеното гласање организирано од владејачката партија.

Причина за демонстрациите беше убиството на двајца опозиционери на 18 октомври годинава, а сторителите не се познати.

Убиствата, за кои опозицијата тврди дека биле политички мотивирани, ги зголемија тензиите по спорните претседателски избори на 9 октомври.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во знак на протест против владеењето на партијата Фрелимо, која е на власт во Мозамбик речиси половина век.

Според Платаформа Елеиторал Дисајд (Eleitoral Decide), група на граѓанско општество во Мозамбик која ги следи изборите, Од 21 октомври, 110 луѓе се убиени во демонстрациите.

Меѓународната организација за човекови права Амнести Интернешнл ја потврди бројката на загинати и вчера соопшти дека тие се меѓу вкупно 357 луѓе кои биле застрелани од безбедносните сили за време на протестите.

Повеќе од 3.500 луѓе беа произволно уапсени, соопшти Амнести.

Групите за права ги критикуваа властите во Мозамбик за, како што го нарекуваат бруталното задушување на она што почна како мирни антиизборни протести.

Меѓународните набљудувачи, исто така, пријавија нерегуларности при гласањето.