
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 7 ноември во Вашингтон, изјави денес неговиот шеф на кабинет Гергели Гуљас, јави Блумберг.
Тој им рече на новинарите дека на состанокот ќе се разговара за агенда што би можела да доведе до мировен договор во Украина.
Орбан претходно изјави дека ќе разговара за санкциите на САД врз руските нафтени компании на планираната средба со Трамп, објави агенцијата.
Унгарија останува во голема мера зависна од увозот на нафта и гас од Русија, и за разлика од повеќето членки на Европската Унија кои ја намалија својата зависност од руската енергија по руската инвазија на Украина во 2022 година, Будимпешта всушност го зголеми својот увоз, наведува Блумберг.
Таквата зависност сега претставува ризик за енергетската безбедност на земјата, бидејќи санкциите на САД против најголемите нафтени компании во Русија имаат за цел да го принудат претседателот Владимир Путин да преговара за Украина.
Унгарската влада тврди дека поради нејзината локација без излез на море, нема алтернатива на руската нафта.
Орбан претходно изјави дека Трамп направил грешка со воведувањето санкции врз руската нафта.
САД минатата недела воведоа санкции врз две од најголемите руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил.

Македонски








