
Роберт Превост, кој беше избран за нов папа под името Лав XIV, излезе на балконот на базиликата Света Петра.
Првиот папа кој е Американец, беше пречекан со громогласни овации од илјадниците собрани граѓани. „Мир со вас“ беа неговите први зборови.
Тој го спомена и папата Франциск и рече дека Црквата мора да гради мостови и единство.
Папата Лав XIV ја продолжи својата порака со повик за љубов и заедништво, нагласувајќи: „Бог нè сака сите, безусловно“. Тој му оддаде почит на својот претходник, папата Франциск, и изрази желба да го следи неговиот пример, давајќи благослов на верниците на плоштадот „Свети Петар“.
– На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов. Помогнете ни, и да си помагаме едни на други, да градиме мостови, порача новиот папа.