Skip to main content

Мигранти со дрва и камења фрлаат по војниците што ја чуваат полската граница

Полските војници на границата со Белорусија објавија видео на кое се гледа како гранка фрлена од белоруската страна удира во возило на граничната полиција, јавува Полско радио 24.

Како што можете да видите на ова видео, мигрантите фрлаат разни предмети кон полските служби од очај. Ја чуваме полско-белоруската граница за да спречиме нивната агресија да стигне до Полска, напиша Втората механизирана дивизија од Шчеќин на социјалната мрежа X.

Како што потсетува радио станицата, уште еден сличен инцидент се случил минатиот четврток, исто така во близина на полско-белоруската граница, во близина на градот Михалов.

Според армијата, војник кој служел на границата со Белорусија бил нападнат од агресивен мигрант, кој бил приведен од граничната полиција, а обвинителството го истражува случајот.

Вчера беше објавено дека состојбата на нападнатиот војник е стабилна, но тој во моментов не служи на границата.

Пограничен офицер извести дека група од девет мигранти нападнале полски војници фрлајќи камења кон нив. Двајца од нив нелегално ја преминале границата, а еден од нив нападнал полски војник чиј „живот и здравје биле во опасност“.

Според офицерот, „агресивниот мигрант бил приведен од граничната полиција, а на војникот веднаш му била укажана медицинска помош и бил префрлен во болница“.

Тој нагласи дека нападнатиот војник „се бранел со сите можни средства“. Војникот е во стабилна состојба, но поради големот оток на очите и проблемите со видот, во моментов не е во можност да служи на границата. Повредениот војник е на должност, но не извршува гранични задачи, пишува Полско радио 24.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш го коментираше инцидентот.

Пред се, Полска беше нападната, а не мигрантот. Нападнат е полски војник. Јас стојам на страната на полската армија, на страната на полските војници и на страната на безбедна Полска, објасни тој.

Поврзани вести