Skip to main content

Лукашенко нареди несовесните службеници да бидат испраќани да ја чуваат границата со Украина

president.gov.by

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди несовесните службеници да бидат испраќани да ја чуваат границата со Украина.

Лукашенко изјави дека, со постојниот недостиг на персонал, нема смисла да се апсат државни службеници.

Сите кои не умеат да работат или ја злоупотребуваат својата положба ќе ги праќам во армијата и на јужната граница. Во шумата ќе го најдат своето место“, изјави Лукашенко.

Белорускиот лидер додаде дека по негив наредба на границата се распоредени Сили за специјални операции, истакнувајќи дека тоа не значи оти Белорусија се подготвува да ја нападне Украина.

Не е лесно, комарци, муви, мушички и така натаму. Тие таму, во армијата како обични војници. Една недела обука, фрлач на гранати, митралез. А потоа таму, на располагање на Силите за специјални операции. Сите оние кои не ги завршуваат своите задачи ќе бидат испратени таму“, изјави Лукашенко.

Тој порача дека тоа се неговите наредби.

Секој функционер, кој било, во владата, во регионалниот извршен комитет, во окружниот извршен комитет, во економијата. На трактор, хеликоптер, авион, на комбајн. Ако не можеш да ги исполнуваш задачите, ќе бидеш асистент, ќе носиш муниција“, изјави Лукашенко.

 

Поврзани вести