
Британскиот крал Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот во кој, според последните податоци, загинаа повеќе од 1.000 луѓе.
Кралот Чарлс упати длабоко сочувство до народот на Мјанмар, во негово лично име и во име на кралицата Камила, поради загубата на најблиските, домовите и средствата за живот.
Британскиот крал изрази восхит од извонредната сила и дух на народот на Мјанмар, кој, како што рече, и натаму е изложен на тешкотии и трагедии, пренесе Би-Би-Си.