Skip to main content

Кинезите сакаат да ги купат германските фабрики за автомобили погодени од кризата и така да ги ибегнат царините на ЕУ

Кина е заинтересирана за купување на германските фабрики за автомобили погодени од кризата, особено „Фолксваген“, пишува Ројтерс, цитирајќи извор.

Производството на автомобили во Германија, наменети за продажба во Европа ќе им овозможи на кинеските производители на ЕВ да избегнат да ги плаќаат тарифите на ЕУ за електричните возила увезени од Кина и може да претставува дополнителна закана за конкурентноста на европските производители.

Купувањето на германските производители на автомобили би можело да биде „политички најчувствителната инвестиција на Кина до сега“, бидејќи „Фолксваген“ долго време е „симбол на германската индустриска моќ, сега загрозена од глобалното економско забавување што ја погоди побарувачката и транзицијата кон зелените технологии“.

Кинеските компании претходно инвестираа во низа сектори во Германија, најголемата европска економија, од телекомуникациите до роботиката, но допрва треба да воспостават традиционално производство на автомобили таму, и покрај тоа што компанијата „Мерцедес-Бенц“ има два главни кинески акционери.

Поврзани вести