
Кина потпиша поморски договор со Куковите Острови, познат како „Меморандум за разбирање“ (МоУ).
Овој договор вклучува продлабочување на практичната соработка на полето на сината економија, што вклучува „поттикнување на иновациите и двигателите на одржливиот раст“, како и голем број мерки кои ќе помогнат да се создаде посилно економско партнерство во иднина.
Ќе се создаде и Работна група за инвестициска соработка под Министерството за надворешни работи и имиграција на Куковите Острови и Министерството за трговија на Кина.
Куковите Острови не се консултирале со Нов Зеланд за овој договор. Иако Кук Острови се самоуправни, тие сè уште се кралска земја на Нов Зеланд, што значи дека е дел од нивниот устав да се консултираат со Нов Зеланд за сè што има влијание врз безбедноста или одбраната.
Иако се чини дека договорот не ја допира одбраната, во Нов Зеланд има стравувае дека тоа ќе биде закана за безбедноста на земјата.
Предложената инфраструктура ќе ја поддржи и кинеската рибарска флота и потенцијално кинеската крајбрежна стража која ги прошири своите операции во Тихиот Океан… Ова доаѓа во време кога Кина ги ескалира воените тензии во регионот на Тихиот Океан“, ијави Ана Паулс, вонреден професор од Центарот за одбранбени и безбедносни студии на Универзитетот Маси.
Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс моментално е во Саудиска Арабија, но наскоро ќе отпатува за Кина, каде што ќе разговара со високи кинески лидери, вклучувајќи го и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.