
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјун, изјави дека сака да ја продолжи политиката на зближување со Cеверна Кореја и покрај, како што изјави „редовните покажувања непријателство од Пјонгјанг“.
Преземаме активни чекори за изградба на доверба и да се почувствува Cеверна Кореја посигурна“, изјави јужнокорејскиот претседател на прес-конференцијата по самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во градот Гуангџу.
Откако ја презеде функцијата во јуни, јужнокорејскиот претседател направи неколку обиди да почне дијалог со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, но тие беа одбиени.
Официјален Пјонгјанг повеќе пати ја нарече Јужна Кореја свој главен непријател и минатата година ја запиша таа дефиниција во севернокорејскиот Устав. Ким вели дека не е заинтересиран за дијалог со Јужна Кореја, без оглед на тоа која влада е на власт.

Македонски







