
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска соопшти дека во телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајкл Волц, закажал состанок меѓу украински и американски претставници што ќе се одржи „во блиска иднина“.
„Имав телефонски разговор со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Мајкл Волц, за следните чекори кон праведен и траен мир“, напиша Јермак на платформата Икс.
Тој додаде дека со Волц размениле мислења за безбедносни прашања и усогласување на позициите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и САД.
„Закажавме состанок на нашите тимови во блиска иднина за да продолжиме со оваа важна работа“, додаде Јермак.