Skip to main content

Израелските сили нападнале електрична централа во Јемен

Израелските сили ја нападнале електричната централа Хезијаз во Сана во Јемен, објавија јеменските медиуми блиски до групата Хути.

Британската безбедносна фирма „Амбри“ претходно соопшти дека добила извештаи за воздушни напади во областите во Јемен контролирани од Хутите, вклучително и пристаништето Рас Иса, кое е главниот терминал за извоз на нафта во Јемен, пренесуваат британските медиуми.

Засега нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.

Хутите постојано го напаѓаат Израел со беспилотни летала и проектили и од ноември 2023 година изведуваат напади врз меѓународните бродови во водите во близина на Јемен, во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец изјави дека Израел почнал воена кампања против Хутите.

Поврзани вести