Skip to main content

Израелски министер го повика Хамас да ја напушти Газа

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич ги повика борците на Хамас да го предадат оружјето и да ја напуштат Газа.

Денеска на состанокот на владата ќе побарам прифаќање на планот на американскиот претседател Доналд Трамп. Сите заложници веднаш да бидат ослободени и Хамас да ја напушти Газа и да го предаде оружјето“, рече Смотрич.

Тој додаде дека Израел ќе ги отвори „портите на пеколот“ за Хамас доколку го одбие предлогот.

Поврзани вести