
Италијанската полиција денеска соопшти дека во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија, запленила над 2,6 тони кокаин, чија вредност на црниот пазар се проценува на 500 милиони евра.
Дрогата е пронајдена на ултрабрз брод на надувување, кој шверцерите обично го користат за да преземат нелегален товар фрлен во морето од големите бродови што пристигнуваат од Јужна Америка, соопшти италијанската царинска и гранична полиција.
Уапсени се четири лица на бродот – двајца Шпанци, еден државјанин на Гибралтар и еден албански државјанин кој живее во Италија.
Операцијата беше спроведена во соработка со шпанските и португалските власти, а италијанските обвинители во градот Бреша ја координираа истрагата.
„Големопродажната цена на кокаинот се проценува на приближно 78 милиони евра. Доколку дрогата беше доставена до крајната дестинација и беше разреден за малопродажба, шверцерите можеа да остварат вкупен приход од околу 500 милиони евра“, се наведува во соопштението на италијанската полиција.

Македонски



