
Никогаш во својата историја германскиот автомобилски концерн Фолксваген не затворил свој погон за производство на автомобили во Германија. Сепак, утре ќе се случи овој „историски настан“.
Фабриката во Дрезден ќе биде затворена и ова ќе биде дел од планот на комапнијата за намалување на работната сила за 35.000 вработени.
Оваа фабрика е отворена во 2002 година и на својот врв произведувала до 200.000 автомобили годишно.
Причините се очигледни. Германија, лишена од пристап до евтини ресурси и погодена од царините на американскиот претседател Доналд Трамп, не е во можност да продолжи да се натпреварува со производи од други земји на клучните глобални пазари. Тоа е резултат на геополитичките одлуки донесени, првенствено во односите со Русија и со САД.

Македонски






