Skip to main content

Иранската револуционерна гарда ги потврди нападите врз Кувајт и Бахреин како одговор на американските напади врз Иран

Иранската Гардат на исламската револуција соопшти дека синоќа ги нападнал Бахреин и Кувајт, како одговор на американските напади врз Иран и се заканил дека „целосно ќе ги запре“ преговорите со САД доколку Вашингтон продолжи да извршува напади.

Во соопштение објавено од државниот весник „Иран“, Гардата посочи дека ја нападнала Петтата флота на американските поморски сили, како и воздухопловната база „Ал Асад“ во Кувајт.

Но, непријателот знае дека кршењето на примирјето ќе доведе до целосно прекинување на започнатите процеси“, додадоа од корпусот на гардата.

Пораката на гардата беше најострата закана за прекин на дијалогот откако САД и Иран потпишаа прелиминарен договор за запирање на непријателствата (Меморандум за разбирање во Исламабад). Тоа отвори 60-дневен прозорец за преговори за трајно решение на конфликтот, забележуваат светските агенции.

Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека САД нападнале радарски локации на јужниот брег на Исламската Република преку ноќ, нарекувајќи ги нападите кршење на меморандумот од Исламабад 

Поврзани вести