
Иранската морнарица го доби својот прв домашен брод разузнавач по име Загрос.
Разурнувачот Загрос е најновиот и најмодерен воен брод разузнувач во иранската морнарица, дизајниран и за борбени и за разузнавачки мисии.
Овој прв ирански сигнален брод за разузнавање, е додаден во борбената организација на морнарицата.

Овој брод е нова класа на поморски бродови, резултат на работата на експертите на морнарицата, поморската индустрија на Министерството за одбрана и компаниите базирани на знаење.

Меѓу најважните оперативни карактеристики на овој брод се присуството на електронски сензори, напреден интегриран јарбол со прецизна пресметка на ефектите на електромагнетните бранови, способност за пресретнување активни и пасивни, сајбер операции, како и интелигентно следење.
