Skip to main content

Иран ќе ги преиспита строгите правила за носење хиџаб

Иранскиот претседател Месуд Пезешкијан стави вето на новиот закон со кој требаше да се заострат одредбите за носење хиџаб. Поради него дошло до конфликт меѓу надлежните. Ограничувањата што требало да ги воведе новиот закон вклучуваат затворски казни за жените кои ќе се појават во јавност без шамии.

Иранскиот претседател го предаде ова прашање до Врховниот совет за национална безбедност, кој му препорача на парламентот да го суспендира усвојувањето на законот.

По жестоките критики во земјава, вклучително и во владата, спроведувањето на законот засега е суспендирано. Пезешкијан е и против законот бидејќи се плаши не само од социјален отпор, туку и од нови немири“, се вели во соопштение од Кабинетот на Паешкијан.

Многу жени во поголемите градови во Иран повеќе не се придржуваат до строгите исламски правила за облекување во знак на протест. Трендот следеше по масовните протести во есента 2022 година под мотото „Жена, живот, слобода“.

Поврзани вести