![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/izraelski-zaloznik.jpg)
Хамас соопшти кои тројца заложници ќе бидат ослободени утре, со еден час задоцнување од крајниот рок во 16 часот.
Кабинетот на израелскиот премиер и Форумот за фамилии на заложници потврдија дека заложниците што треба да бидат ослободени се Охад Бен Ами (56), Ели Шараби (52) и Ор Леви (34).
„Тајмс оф Израел“ јави дека се уште не е јасно во кое време утре заложниците ќе бидат ослободени.
Шараби бил киднапиран од кибуцот Беери кога припадниците на Хамас извршија напад во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. Тој и неговиот брат Јоси беа заробени. Оттогаш беше потврдена смртта на Јоси, а Хамас се уште го држи неговото тело.
Леви (34) бил киднапиран од фестивалот Супернова во близина на кибуцот Реим на 7 октомври. Во изминатите 16 месеци му било кажано дека татко му е исчезнат и се трага по него.