
Антикитера е изолиран остров со диви плажи, стрмни брегови и многу скромна туристичка понуда.
За да ги зачуваат последните преостанати услуги и да ја оживеат заедницата која речиси исчезнува, локалните власти започнаа програма со исклучително поволни услови за идните жители на островот.
Семејствата кои ќе одлучат да се преселат во Антикитера добиваат месечна поддршка од 500 евра во период од три години, со обезбедена куќа и земјиште, што го прави нивниот нов почеток речиси бесплатен. Целта е да се привлечат луѓе кои се подготвени за помирен, побавен ритам на живот, далеку од масовниот туризам.
Остров на тишина и недопрена природа
Антикитера е изолиран остров со диви плажи, стрмни брегови и многу скромна туристичка понуда. На островот има само едно кафуле, кое функционира и како продавница или мал хотел доколку е потребно. Токму оваа едноставност и оддалеченост од зафатениот секојдневен живот ги привлекува оние кои сакаат автентичен живот во мала заедница каде што сите се познаваат.
Слични програми стануваат сè почести низ цела Европа
Антикитера не е единствена по својата понуда. Италија со години нуди разни стимулации, од куќи за едно евро во Самбука, Сицилија, до субвенции за преселба во оддалечени села во Пуља. Во Шпанија и Каталонија, некои општини воведуваат финансиска помош со цел да го задржат населението и да ги зачуваат училиштата и основните услуги.

Македонски








