Skip to main content

Готово е: Украинската Влада овласти министри да го потпишат договорот со Вашингтон

Владата на Украина денеска ги овласти министрите за економија и за надворешни работи да го потпишат рамковниот договор со Вашингтон за експлоатација на украинските минерални ресурси.

Јулија Свидиренко или Андриј Сибига ќе го потпишат „билатералниот договор, со кој се утврдуваат правилата и условите за планираниот инвестициски фонд за реконструкција“, наведе украинската Влада.

Предвидено е претседателот на Украина, Володмир Зеленски утре во Вашингтон да го финализира договорот за ретките минерали, според кој приходите од експлоатацијата на минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд.

Украина наводно располага со околу пет отсто од светските минерални ресурси, но тие што ги сака Трамп се главно неискористени, тешко се вадат или де факто се под руска контрола, бидејќи се наоѓаат на окупираните територии

Поврзани вести