
Италијански пратеник кој плови на брод од Глобалната флотила Сумуд денеска изјави дека овој хуманитарен конвој се наоѓа на 90 наутички милји (околу 167 километри) од Газа и оти мисијата никогаш не била толку блиску до палестинската енклава.
На 90 (наутички) милји сме од Газа. Верувам дека ниту една експедиција никогаш не била од овој обем и толку блиску. Поради тоа, од една страна чувствуваме голема гордост, а од друга лутина затоа што знаеме дека нема да можеме да стигнеме до окупираната палестинска енклава. Ќе бидеме пресретнати во меѓународните води и веројатно уапсени, информира пратеникот на италијанската Демократска партија (PD), Артуро Ското, кој се наоѓа на еден од бродовите на Флотилата, пренесе агенцијата Анса.

Тој оценува дека апсењето би било незаконски чин со оглед дека би се случило во меѓународни води.