
Германската влада денеска одобри ограничувања за обединување на семејствата за одредени групи бегалци и заострување на законите за државјанство.
Новата влада на канцеларот Фридрих Мерц, која стапи на должност претходно овој месец, вети построги мерки против миграцијата и веќе воведе построги контроли на границите на земјата.
Ограничувањата за семејствата ги таргетираат мигрантите во Германија со таканаречен „статус на супсидијарна заштита“, на кои им е дозволено да останат во земјата поради закана од политички прогон во нивните татковини, и покрај тоа што немаат статус на бегалец, јави ДПА.
Двата предлог-закони, предложени од министерот за внатрешни работи Александар Добриндт, сè уште треба да бидат усвоени во Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент.