Skip to main content

Германија испраќа војници заради зајакнување на обезбедувањето на источната граница на Полска

Пиксабеј

Германија соопшти дека испраќа група војници во Полска за да помогне во зајакнувањето на источната граница на својот сосед, во услови на растечка загриженост од заканата од Русија.

Главната задача на војниците од Бундесверот во Полска ќе бидат „инженерски активности“, изјави синоќа портпарол на Министерството за одбрана во Берлин. Тој прецизираше дека тоа може да вклучува „изградба на утврдувања, копање ровови, поставување бодликава жица или изградба на противтенковски барикади“.

Поддршката што ќе ја пружат германските војници во рамките на оваа мисија ќе биде сведена на овие инженерски активности, соопшти портпаролот, додавајќи дека контингентот ќе брои околу 50 лица.

Планирано е мисијата да започне во вториот квартал на новата година и ќе трае до крајот на 2027 година.

Портпаролот нагласи дека распоредувањето на овие војници не бара парламентарно одобрување, „бидејќи нема непосредна закана за нивниот живот и здравје, поврзана со вооружен конфликт“. Со исклучок на одредени случаи, секое дислоцирање на воени сили во странство бара дозвола од германскиот парламент.

Полска, која е силен поддржувач на Украина во нејзината битка со Москва, во мај најави намера да ги зајакне своите граници со Белорусија и руската енклава Калининград. ссм/

Поврзани вести