Skip to main content

Германија ги предупреди своите граѓани на Блискиот Исток за ризик од американски напад

На Германците во Израел им се препорачува да се подготват за неодреден престој на местото каде што се наоѓаат, во случај воздушниот простор да биде затворен поради ирански напади, соопшти германската амбасада во Тел Авив.

Доколку САД го нападнат Иран, се очекува Техеран да нападне цели во Израел, наведува ДПА.

На германските граѓани во Израел им се советува да инсталираат апликација на своите мобилни телефони која предупредува за претстојни ракетни напади, да направат резерви на храна и намирници со оглед на „ескалирачката безбедносна ситуација во регионот“, да се запознаат со можностите за заштита и локации на засолништа.

Министерството за надворешни работи во Берлин предупреди и на влошување на безбедносната состојба во Либан, соседната земја на Израел. Во случај на дополнителна ескалација, во секој момент може да бидат воведени ограничувања на летовите, нагласи германската амбасада во Бејрут.

Либанската група „Хезболах“ се смета за најважен сојузник на Иран во регионот. Уште во 2024 година, шиитската група влезе во отворена војна со Израел. Оттогаш се смета дека таа е значително ослабена, но постојат стравувања дека групата би можела да се вклучи во конфликтот во случај на напад врз Иран

Поврзани вести