Skip to main content

Германија бара од Иран да продолжи да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул го повика официјален Техеран да не ја прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пренесе ДПА.

Раководството во Техеран мора цврсто, јасно и транспарентно да изјави дека Иран не се стреми кон нуклеарно оружје“, изјави Вадефул за новинарите за време на средбата со канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд во Берлин.

Германскиот министер за надворешни работи додаде дека одлуката на иранскиот Парламент да ја прекине соработката со МААЕ испратила сосема погрешен сигнал.

За да стапи во сила, одлуката мора да биде одобрена од две други тела – Советот за безбедност, предводен од врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, и Советот на чувари, кој следи дали законите донесени од Парламентот се во согласност со исламските норми и Уставот.

Ја повикувам иранската Влада да не го следи овој пат“, рече Вадефул. 

Поврзани вести