Skip to main content
Мата Хари на 21 век

Француска новинарка направила ‘ршум во иранскиот политички и воен врв шпионирајќи за Израел

X / Catherine Perez-Shakdam
X / Catherine Perez-Shakdam

Во Иран во јавниот простор доминира скандал околу личноста на Катерина Перез-Шакдам, француската новинарка од еврејско потекло, која веќе е наречена од некои „Мата Хари на 21 век“.

Нејзиниот подем на врвот на иранскиот естаблишмент почна со сложена шема.

Родена во Франција во секуларно еврејско семејство – нејзиниот дедо по мајчина страна бил член на Францускиот отпор, а нејзиниот дедо по татко бил преживеан од Холокаустот. Перез-Шакдам студирала психологија на Универзитетот во Лондон, а подоцна магистрирала финансии и комуникации.

Во Лондон, се омажила за јеменски сунитски муслиман и се преобратила во ислам. Бракот завршил со развод во 2014 година. До 2017 година, Перез-Шакдам се појавила во Иран, јавно го прогласила својот шиизам и активно се заинтересирала за идеологијата на Исламската Република.

Претставувајќи се како западна новинарка, таа објавувала во водечките ирански медиуми како што се Техеран Тајмс, Машрег Њуз, Тасним Њуз, Мехр Њуз… па дури и на официјалната веб-страница на ајатолахот Хамнеи.

Нејзините антизападни материјали добија кредибилитет меѓу иранската елита. Познато е дека се сретнала со високи функционери, вклучувајќи го претседателот Ебрахим Раиси, кого го интервјуираше за „Раша тудеј“, како и генералот Касем Солејмани, шеф на силите Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГК).

Имала пристап до најбезбедните области, вклучувајќи ги и приватните домови на функционери и генерали, каде што наводно собирала критични разузнавачки информации.

Информациите што ги собрала, според некои извори, одиграле клучна улога во обезбедувањето на високопрецизни напади на Израел врз иранските воени и нуклеарни објекти за време на 12-дневната војна.

Врз основа на нејзините информации, агентите на Мосад тајно доставиле високопрецизно оружје во земјата и распоредиле бази за беспилотни летала во близина на Техеран, од каде што биле нападнати објекти за воздушна одбрана и лансери за балистички ракети. Овие операции ефикасно ја парализираа способноста на Иран да одговори на израелските напади.

Сега Иран се обидува да открие како Исламската Република била буквално хакирана од агент на Мосад. Тројца веќе се егзекутирани поради нивните врски со Катерина, а судбината на уште десетици е неизвесна.

Иранската телевизија тврди дека Перес-Шакдам добила вредни информации не само во својата улога како новинарка, туку и користејќи го својот личен шарм. Според поранешниот пратеник Мустафа Кавакебијан, таа наводно имала сексуални односи со повеќе од 120 високи владини функционери. Кавакебијан изјави дека му доставил на обвинителството документи и докази, вклучително и признанија од самата Перес-Шакдам, во кои таа наводно директно наведува дека користела интимни односи за да ги постигне своите цели.

За некои, приказната за супершармот на Перес-Шакдам може да изгледа претерана. Но, од друга страна, сексуалната шпионажа е една од традиционалните алатки на израелските специјални служби.

Поврзани вести