Skip to main content

Европскиот совет ќе расправа за промените во меѓународната средина поврзани со безбедноста и Украина

Европскиот совет ќе расправа за промените во меѓународната средина поврзани со безбедноста, одбраната и Украина на вториот вонреден состанок годинава во Брисел. Во разговорите се очекува да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ ќе разговараат за предлозите на Европската комисија за повторно вооружување. Ќе бидат разменети мислења за можностите за постигнување мир во Украина и разликите во позициите на ЕУ и САД. На средбата не се очекува да се разговара за предлогот за испраќање европски мировници во Украина.

На состанокот ќе се разгледаат опциите за дополнителна поддршка за Киев и безбедносните гаранции, вклучително и во однос на европскиот придонес.

Учесниците на состанокот ќе разговараат за конкретни опции за финансиска поддршка на европската одбрана.Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста утре ќе ги презентира резултатите од денешниот состанок пред претставниците на Веклика Британија, Норвешка, Исланд и Турција.

Поврзани вести