
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска предложи нов фонд кој би можел да мобилизира близу 800 милијарди евра (841,5 милијарди долари) за инвестиции во одбраната во Европската Унија, вклучително и за воена помош за Украина, јави ДПА.
Таа рече дека планот за „ре-вооружување на Европа може да мобилизира близу 800 милијарди евра (841,4 милијарди долари) за безбедна и еластична Европа.
Фон дер Лајен ја истакна потребата од зајакнување на одбранбените капацитети на Европа по самитот во Лондон каде европските лидери се собраа на разговори за Украина