
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека Европската Унија ја поздравува веста, нарекувајќи ја „позитивен развој кој може да биде чекор кон сеопфатен, праведен и траен мир за Украина“.
Изјавата следува откако Украина денеска соопшти дека е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот по денешните мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, посочи дека ЕУ е подготвена „да ја одигра својата улога, заедно со партнерите, во претстојните мировни преговори“.
Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, истакна дека „Украина уште еднаш ја покажува својата подготвеност да бара праведен и траен мир“ и порача дека „Русија мора да одговори“.
Се чини дека Американците и Украинците направија значаен чекор кон мирот“, напиша полскиот премиер Доналд Туск на Икс. „А Европа е подготвена да помогне во постигнување праведен и траен мир“, додаде тој.
Британскиот премиер Кир Стармер лидер „со задоволство“ ја поздрави веста од Саудиска Арабија.
Ова е важен момент за мирот во Украина и сите треба да ги удвоиме напорите за што побрзо постигнување на траен и безбеден мир, изјави Стармер.
Тој ја повтори изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио дека сега топката е кај Русите. „Русија сега мора да се согласи на прекин на огнот и крај на борбите“, додаде британскиот премиер, најавувајќи дека овој викенд ќе свика лидерска средба за да се утврдат „следните чекори“.