
Според најнови извештаи на медиумите, екипажот на танкерот Маринер“, кој пловел под руско знаме, а беше запленет од САД се состои од 28 лица – 20 украински државјани, шест Грузијци и двајца Руси.
Бродот пловел под знамето на Гвајана, пред да го смени знамето со руско за време на пловидбата, но американските власти одбија да го сметаат „Маринер“ за руски. Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека бродот се преправал дека е дел од руската трговска флота. Објавено е и видео од повеќечасовното потера по танкерот.
По запленувањето на танкерот, со коментар се огласи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која информира дека руските државјани од танкерот ќе бидат ослободени.
Како одговор на нашето барање, американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ослободи двајца руски државјани на танкерот „Маринер“, претходно приведени од САД за време на операција во Северниот Атлантик.
Ја поздравуваме оваа одлука и изразуваме благодарност до раководството на САД.
Почнуваме итно да се справуваме со сите прашања поврзани со обезбедување брзо враќање на нашите сонародници во нивната татковина“, изјави Захарова.

Македонски




