Skip to main content

Една од најголемите телекомуникациски компании во САД поднесе барање за престанок на сервисирање на фиксни телефони во Калифорнија

Се намалува и бројот на минути поминати на фиксните телефони, како и приходите од оваа услуга. Иако најчесто ги користат постарите генерации, тие исто така се повеќе преферираат да разговараат преку апликации и мобилни телефони.

Во последните 10 години има околу милион корисници помалку кои користат ваков тип телефони. 

Пропаѓањето на фиксниот телефон поради технолошкиот бум во моментов го попречуваат носталгичарите и навиката на граѓаните да ја имаат таа опција, па овој вид на услуга ќе исчезне.

Една од најголемите телекомуникациски компании во САД, минатата недела поднесе барање за престнување на сервисирање на традицоналните фиксни телефони во Калифорнија. 

Тоа е дел од сепофатниот потег на давателите на услуги да ги заменат постарите телефонски системски линии базирани на бакарна жица, со побрза, понапредна технологија која не работи со фиксни телефони.

Давателите ширум светот се движат кон понуда на кабли со оптички влакна и пристап до интернет и ја повлекуваат старата опрема, вклучувајќи ги и самите бакарни жици. Процесот е во тек и во Франција и Велика Британија.

Една анализа покажува дека до 2030 година ќе останат само околу 5 отсто од фиксните телефони во светот. Но, за да се отстранат сите, „може да потрае подолго – децении“.