Skip to main content

Џихадистите и терористичките групи зазедоа уште еден град во северозападна Сирија

Џихадистите и терористи со подршка од Турција го презедоа стратешкиот град Саракиб во северозападна Сирија од владините сили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Саракиб е во покраината Идлиб, а со неговото заземање џихадистичките терористички групи ќе можат да го спречат приблужувањето на владините сили кон градот Алепо, кој исто така од вчера е под контрола на џихадистите.

Во борбите во северозападна Сирија во изминатите три дена загинале 27 цивили, меѓу кои осум деца, изјави претставник на ОН.

Бунтовниците блиски до ИСИС и Ал Каеда, предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам на 27 ноември извршија упад во десетина градови и села во северозападната провинција Алепо, која е под контрола на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сириската армија соопшти дека продолжува да се спротивставува на џихадистите, потенцирајќи оти нанела големи загуби на бунтовниците во руралните области на Алепо и Идлиб.