Дете е меѓу жртвите на терористичкиот напад што се случи вчеравечер во Магдебург, Германија, изјави на прес-конференција премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф.
Хазелоф изјавил и дека осомничениот, кој е од Саудиска Арабија, „работел како лекар во оваа провинција“ и дека „во Германија пристигнал во 2006 година“.
Мажот со автомобил влета во божиќниот пазар во близина на градското собрание вечерва, при што според властите загина најмалку едно лице, а повредени се повеќе од 20 други. Дел од локалните медиуми јавуваат дека бројот на загинати е поголем, стравувајќи дека станува збор за 11 мртви и над 60 повредени.
Болницата во Магдебург соопшти дека е ставен во режим на настан за масовен број жртви и дека првите 20 лице веќе медицински се третираат.