Skip to main content

Читач од усни откри што му кажала Меланија на Трамп на погребот на папата

Првата дама Меланија Трамп, како и многу пати досега, го спасила својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп, од уште еден контроверзен гаф.

Имено, откако за време на погребната миса за папата Францсик биле повикани верниците од олтарот да си дадат знак на мир едни на други, ракувајќи се меѓусебно, Доналд Трамп продолжил мирно да стои, иако сите пред и околу него почнале да се ракуваат и да си велат „мир со вас“. Тогаш, му се приближила сопругата Меланија и, според форензички читач од усни, двапати му шепнала: „Би требало да го направиш тоа“, на што тој, наводно, кажал: „О, добро“, и почнал да се ракува со тие што му биле најблиску.

Се ракувал со естонскиот претседател Алар Карис, шпанскиот крал Фелипе Шести и неговата сопруга Летиција, а потоа се свртел кон францускиот претседател Емануел Макрон и му подал рака. Како и секогаш кога се ракуваат Макрон и Трамп, и овој пат тоа траело предолго и било чудно.

Поврзани вести